Ракомет
15. October 2015 - 13:02

Кастратовиќ: Натпреварот со Ѓер клучен

Женскиот ракометен шампион на Македонија, тимот на Вардар в сабота го очекува дуел со Ѓер за кој тренерот Индира Кастратовиќ смета дека е клучен во групата од Лигата на шампионите.
 
- Со нетрпение го чекаме натпреварот против Ѓер кој ќе биде клучен во нашата група.Мислам дека Ѓер е главниот конкурент на Вардар во оваа група, а дополнително е тешко тоа што ова е прв натпревар, секогаш првиот е најтежок. Ете мораше да биде со Ѓер и среќа што го играме на домашен терен и јас најискрено се надевам дека салата ќе биде полна и ја повикувам публиката да дојде во што поголем број и да нѐ бодри, изјави Кастратовиќ за клупската веб страна.
 
Заедно со Вардар и Ѓер во групата Ц се уште Хипо и Митјиланд.