Македонија
30. August 2015 - 12:49

Кашикара пронајдена во Поројска река

Тело од рачна бомба кашикара без запалка било пронајдено вчера во коритото на Поројска река во близина на автомеханичарска работилница во селото, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Случајот во полиција го пријавил жител на Порој кој околу 18 часот ја забележал експлозивната направа во средината од реката при што поголем дел од телото на бомбата било закопано во земја.

Полицијата го обезбедила местото и заедно со претставници на Дирекцијата за заштита и спасување откако го фотодокументирале местото соодветно ја подигнале и безбедно ја транспортирале бомбата што била значитело кородирана.

- Се работи на утврдување кој, кога и зошто ја оставил или фрлил бомбата без запалка во реката, рече Јосифовски.