Кошарка
18. October 2017 - 21:33

Карпош Соколи поразен од Солнок во првиот меч од ФИБА Еврокупот

 
 
 Екипата на Карпош Соколи со пораз кај унгарскиот Солнок го започна својот настап во кошаркарскиот ФИБА Еврокуп. 
 
Во дуел од 1.кокло на Х групата одигран попладнево во Солнок, истоимената унгарска екипа ги порази Карпош Соколи со 94:73, по четвртини, 26-15, 17-19, 30-22 и 21-17.
 
Америкамецот, Мекфејдн со 15 беше прв стрелец кај „соколите“ за кои Џејлен Браун придодаде 13, а Николовски и Ѓуроски беа стелци на по 11 поени, но тоа не беше доволно да се избегне поразот. 
 
Кај победничката екипа, воедно и на натпреварот, најефикасен беше доскорешниот кошаркар на Карпос, Кенрик Пери со 16
 
Во вториот меч од оваа група, рускиот тим Нижиј Новгород пред својата публика дури по пет продолженира го победи вториот ургарски тим Фалкон со 94:92. 
 
Токму рускиот состав е следниот противник на нашиот тим и тоа на дуелот кој ќе се игра на 25 октомври (среда) во Скопје.