Кошарка
11. August 2016 - 7:22

Карпош Соколи дел од АБА лигата

Екипите на Карпош Соколи и на Унион Олимпија ќе се натпреваруваат во АБА лигата во сезоната 2016/2017 одлучи претседателството  на АБА лигата.
Второпласираниот тим од последниот шампионат на Македонија, Карпош Соколи денеска ја прифати поканата да настапува со вајлд карта. Приота македонскиот тим ќе треба да ги исполни и финансиските обврски (екипите што настапуваат со вајлд карта треба да уплатат 150.000 евра).
Лигата ќе стартува на 1.октомври, а според распоредот кој веќе е објавен на официјалниот сајт на лигата Карпош Соколи во 1.коло ќе гостува на Крка, а дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Карпош Соколи треба да се игра во рамките на 6.коло на 22.октомври.