Спорт плус
9. April 2017 - 14:58

Карпош 2017: Првото место за Ерменецот Тер-Сахакјан

Ерменецот Тер Сахакјан Самвел е овогодинешниот шаховски шампион на реномираното шаховско натпреварување ,, Опен Карпош 2017“ . Седма година по ред , шаховскиот клуб Гамбит Асеко СЕЕ во коорганизација со Општина Карпош, ги носи најврвните светски шахисти во Република Македонија. Вкупно 31 земја од целиот свет се претстави со свои шаховски репрезентативци на респектабилниот шаховски турнир, кој според сите светски шаховски параметри, се вбројува во десетте најдобри шаховски натпреварувања на стариот континент. Ерменскиот претставник доби награда од 1600 евра, додека второпласираниот Бугарин Георгиев Кирил доби награда од 1200 евра. Демченко Антон од Русија е трет на овој турнир и освои награда во вредност од  1050 евра.

Од македонските шахисти 24-ти, е 19-дишниот ФИДЕ-мајстор (ФМ) од Скопје, Никола Николовски (2.353, рангиран 39-ти) со 6 поени, додека пак, шахистка, ЖВМ од Русија Александра Горјачкина (2.452, рангирана 18-та), која го освои 25-то место.

Наградите на најдобрите им ги предадоа, поранешниот претседател на Шаховската федерација на Македонија (ШФМ), Петар Гичаровски и актуелниот претседател, Благоја Богоевски.

На турнирот, кој мина во одлична организација и за награден фонд од 10.200 евра, играа 197 шахи­сти од 30 др­жа­ви меѓу кои има 15 ВМ, 1 ЖВМ, 18 ИМ, 2 ЖИМ, 23 ФМ, 4 ЖФМ).

Овој турнир се одигра во девет кола, по правилата на Швајцарскиот систем на натпреварување. Шахистите имаа по  90 минути на располагање за повлекување на 40 потези, и 30 минути до крајот на партијата со 30 секунди по потег, броејќи од првиот пат. Врвните шаховски велемајстори, позитивните критики од шаховските федерации, како и квалитетот на натпреварувањето од година на година, го прави овој карпошовски шаховски турнир еден од европските спортки бисери на ,, најумствената“ спортска игра.