Бизнис
14. March 2018 - 19:49

Карпа на пругата два дена го блокираа товарниот сообраќај кон Грција

Целосно во прекин товарниот и железничкиот сообраќај од  Велес кон Гевгелија и обратно. Поради одрон на пругата патниците со воз одат до станицата во Велес  потоа се превезуваат со автобуси.

Товарните вагони стојат во место. МЖ транспорт испрати и соопштение до  сите граѓани кои имаат намера да патуваат на оваа релација.

Сообраќајот од Скопје кон Гевгелија се одвива комбинирано. Возовите  на оваа релација сообраќаат до  Велес потоа  патниците до Градско  се превезуваат со автобус . Од таму до Гевгелија  се  оди повторно со воз. На истиот начин се превезуваат и патниците кои  ги користат експресните возови, се вели во дописот на Мж Траспорт.

Од прептијатието  велат дека засега не се знае  колку точно штета ќе претрпат  од застојот на товрниот сообраќај. Транспортот  не може да се врши се додека не се реши проблемот со  карпата којае падната точно на пругата. Пресметките ќе се направат откако ќе се надмине проблемот.

Од инфрастуктута посочија  дека целата механизација со која располагаат е на  местотот и се работи на  надминување на проблемот. Но поради специфичноста на проблемот не може да се прецизира кога точно ќе се нормализира сообраќајот.

Помош е побарана и од Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување. А повикани се и стучни лица од градежниот факултет.

Поради поголем одрон на пругата меѓу станицата Велес и Згрополци од вчера железничкиот сообраќај на оваа релација е целосен прекин.