Џет-Сет
16. October 2017 - 21:14

Каролина ја сподели нејзината најдрага песна од Тоше

Нашата поп ѕвезда Тоше Проески на денешен ден пред десет години загина во сообраќајна несреќа на автопатот кај Нова Градишка, Хрватска. Македонија ја загуби најсјајната ѕвезда во музиката.

Во својата кариера имаше соработка со многу наши, балкански и светски музичари и композитори, а една од нив е Каролина Гочева која не заборави да се потсети на него и десет години по трагичната загуба.

 

- И после 10 години болката е иста, а Тоше секој ден фали се’ повеќе…но, со се’ што остави зад себе, тој секогаш ќе биде тука. Мојата најдрага песна од тоа време, напиша Каролина Гочева на својата Фејсбук страна.