Кошарка
24. September 2017 - 9:19

Кармело Ентони во Оклахома Сити

Долго најавуваниот трејд на Кармело Ентони од Њујорк во друг клуб се случи и популарниот „Мело“ ќе го облече дресот на Оклахома Сити. Во спортивна насока ќе одат (од Оклахома си заминаа) Енес Картер и Даг Мекдермот, како пикот од втората рунда на следниот драфт.
Желбата на Ентони да си замине од Њујорк, траеше од февруари, а во комбинација за премин беа екипите на Кливленд, Хјустон и Портланд.
 
Сега и Оклахома Сити повторно формира добра „тројка“ која може да ја вброи во конкуренција за шампионскиот прстен. Покрај Ентони во овој тим се уште „страоседелецот“ Расел Вестбрук и ол-стар играчот Пол Џорџ.
 
Ентони пред Њујорк играше во денвер Нагетс, а со репрезентацијата на САД има три олимписки злата - Пекинг 2008, Лондон 2012 и Рио 2016. Со тимот на Сиракуза беше шампион во НЦАА лигата.