Македонија
22. October 2015 - 9:51

Карлос Флорес Хубериас: ЕУ со двојни стандарди со Договорот од Пржино

Договорот од Пржино означува постоење на двојни стандарди од страна на Брисел, бидејќи додека Унијата не успее да посредува во конфликти толку сериозни како оние кои постојат во денешно време во земја-членка како што е Шпанија, тоа го прави со земјите-кандидати како што е Македонија, изјави за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце Карлос  Флорес Хубериас, шпански аналитичар и професор по уставно право.

- Со активното вклучување во потпишувањето и имплементацијата на Договорот од Пржино е јасно дека ЕУ има право да бара од своите идни партнери да ги споделуваат вредностите врз кои се гради Унијата и да се исполнат одредени стандарди на квалитет во демократското функционирање на нејзините институции. Но, се чини дека е се повеќе јасно дека активното вклучување на Унијата во решавањето  на разликите помеѓу Владата и најголемата опозициска партија во Македонија отиде премногу далеку и е многу блиску да биде етикетирано како мешање во внатрешните работи на една суверена држава, вели шпанскиот експeрт по уставно право.

Професорот  Хуберијас, во интервјуто за Гласот на народот, одговарајќи на прашањето околу уставноста и законитоста на Законот за Специјален јавен обвинител, како и односот Специјален јавен обвинител и Совет на јавни обвинители, со став: „Иако не е невообичаено за земји со акредитирана независност на судството и професионалност да се прибегне кон специјалниот обвинител да истражи или посебни судови да судат злосторства со посебна тежина, или кои бараат посебни истражни методи, многумина веруваат дека најсоодветен начин за додавање престиж на судскиот систем на една земја, да се зголеми нивната стручност, да се инсистира на независност на судиите и конечно да се зајакне владеењето на правото, не е да се создадат специјални судови или обвинители, туку да се обезбедат ефективно процедурални средства и инструменти за судиите и обвинителите кои се членови на судството“.