Џет-Сет
23. September 2017 - 12:00

Карлеуша првпат проговори за килажата: Застанав на вага и се шокирав, веднаш донесов драстична одлука

Пејачката Јелена Карлеуша првпат јавно проговори за вишокот на килограми.

Имено, таа откри дека претерала со килограмите и дека што побрзо мора да ја редуцира својата исхрана.

-Се мерев синоќа. Добив нервен слом. Многу се разочарав во себе и одлучив од денес да не јадам ништо, Не пијам енергетски пијалоци, не пијам Кока Кола, не пијам алкохол, а од храна ништо повеќе не јадам, само бадем, призна Карлеушва и додаде дека директорот на Гранд, Саша Поповиќ ја опоминал да ја среди линијата.

-Саша ми рече повеќе да не јадам, рече Јелена.

Ана Бекута се понудила на Карлеуша да и препорача нутриционист, но ќе видиме дали ќе го прифати предлогот.