Карамбол во Скопје: Момче удри во паркирани возила, маж се бори за живот
Три лица се повредени, од кои едно се бори за живот по сообраќајна несреќа која вчера околу полноќ се случила на крстосницата со улиците „Сава Ковачевиќ“ крак 1 и 11.
Од полицијата информираат дека 22 годишниот Б.Ј. од скопско Сопиште управувајќи автомобил „Пежо“ удрил во три паркирани возила, „Шкода“ паркирана од Ј.Ј. (30) од Кратово, „Фолксваген Бора“ паркиран од Ј.Н. (55) од скопско Стајковци и „Фиат Добло“ паркирано од непознат возач.
Лекарските екипи кај Ј.Ј. констатирале тешки повреди и истиот се наоѓа во животна опасност, со фрактура на ребрата и напукната слезина. Кај Б.Ј. од Сопиште и Ј.Н. од Стајковци констатирани се телесни повреди и истите се пуштени на домашно лекување по укажаната лекарска помош.
На местото на настанот полициски екипи извршиле увид.
Ново на Сител
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море
-
Бојмацалиев: ОВР Дебар поднесе рекордни 55 кривични пријави за дивоградби во 2023