Македонија
13. March 2016 - 22:06

Карамбол на „Првомајска“, еден повреден во судар на три возила

Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва околу 17 и 30 минути на булеварот „Борис Трајковски“, во која е повредено едно лице. Со возило на итната медицинска помош веднаш е прфрлено во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски.
 
Во несреќата учествувале три возила, од марките Рено, Пежо и Форд, сите со скопски регистраски таблички.