Свет
21. December 2015 - 8:50

Карамбол: Автомобил влета во толпа пред казино во Лас Вегас

Автомобил влетал и покосил група луѓе во Лас Вегас, во американската сојузна држава Невада. Настанот се случил пред хотелот „Париз“ и хотелот и казино „Планета Холивуд“,  каде малку пред тоа завршило натпреварувањето „Мис Универзум 2015“.

Во инцидентот загинаа три лица, а 33 се повредени, пренесе ТАСС, повикувајќи се на американските медиуми.

Зад воланот на возилото била жена, која прво побегнала од местото на настанот, но малку подоцна и се предала на полицијата.

Според некои непотврдени информации, во автомобилот имало и тригодишно дете.

На жената и бил направен алко тест во крвта.

Полицијата засега не се изјаснува околу причините за инцидентот и околностите за тоа што се случило.