Македонија
16. January 2016 - 16:24

Каракамишева: Заев сака да продолжи со деструктивни сценарија

Бегањето на СДСМ од изборите е само продолжување на деструктивната политика која Заев ја води од самиот почеток. За експертите нема дилема дека целта на СДСМ е продолжување на агонијата во која партијата ги стави сите граѓани на Македонија

Каракамишева вели дека намерите на опозицијата да ја држи Македонија во хаос вчера била препознаена и од меѓународниот фактор кој преку Хан од Скопје испрати јасна порака дека аргументите на Заев за бегство од соочувањето со граѓаните не се издржани

Каракамишева смета дека во ваква ситуација, лидерите не треба да дозволат стравот на Заев да биде пречка за реализација на договорот од Пржирно

На вчерашната средба лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА дале серија предлози со кои се обезбедува дополнителна сигурност за реализација на изборите, но лидерот на СДСМ ги одбивал без дискусија свесен за катастрофалниот рејтинг меѓу граѓаните и исплашен од убедливата казна која тие ќе му ја испорачаат.

Експертите сметаат дека по вчерашното фијаско на Заев почнаа да му се бројат последните денови на Бихаќка бидејќи како што велат, тој комплетно ја изолираше својата партија која не може да се надева на изборна победа без разлика кога ќе се организираат изборите.