-->
-->
Карабатиќ сепак ќе игра на ракометниот мундијал
-->
Еден од најдобрите светски ракометари Никола Карабатиќ го повредил скочниот зголб, но како што соопштија од француската репрезентација, повредата не е сериозна и тој ќе биде посогтвен за настап на Светското првенство кои за две недели ќе започне во Франција.
“Добро се чувствувам, повредата не е сериозна, станува збор за мало истегнување на зглобот. За да бидам во вистинската форма за СП ќе морам да внимавам на многу детали“, рекол Карабатиќ.
Франција на СП се наоѓа во групата со Полска, Норвешка, Русија, Јапонија и Бразил. Првиот меч ќе го одигра на 11.јануари против Бразил.
На ова Сп ќе учествува и репрезентацијата на Македонија, која за противници во групата ги има Шпанија, Словенија, Тунис, Исланди Ангола. Првиот меч Македонија ќе го одигра на 12.јануари против Тунис.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право