Бизнис
27. јуни 2016 - 19:37

Капиталните инвестиции за една деценија зголемени за 3,6 пати

Капиталните инвестции на државата изминатите десет години континуирано растат и годинава се на рекордно висико ниво. Од 156 милиони евра предвидени во буџетот за 2006-та, за 2016-та тие се зголемени за 3,6 пати, на 568 милиони евра.

Во инфраструктурата порастот е четирикратен со инвестции во три нови автопати и реконструкцијата на две постоечки делници. Работите на Демир Капија - Смоквица се во завршна фаза и делницата треба да се пушти во употреба на крајот од оваа или почетокот на следната година.

Градбата на новиот автопатот од Скопје до Штип кој ќе го преполови времето потребно за патување помеѓу двата града е предвидено да заврши во догодина. Автопатот од Кичево до Охрид треба целосно да се заврши во 2018. На овие проекти работат 1200 работници со 550 градежни машини.

Се инвестира и во гасицикацијата и со ребалансот всушност се зголемуваат средствата за изградба на нациоалниот гасоводен систем.Гасоводната делница Клечовце – Неготино е завршена, а се прават погтовоки за старт на работите на гасоводот од Штип до Неготино. Владата предвидува до август да почне изградбата на Неготино – Биитола и Скопје – Тетово - Гостивар. Тоа се вкупно 265 километри од гасодниот систем или над половина од неговите магистрални правци.

Во делот на здравството издвоени се средства за изградба на општа болница во Кичево, нов клинички центар во Скопје и во Штип за опрема на клиничката болница во Тетово, за ПЕТ Центарот, за, реконструкција на здравствени установи и изградба на амбуланти во рурални подрачја.

Во образованието предвидени се средства за изградба и реконструкција на основни и средни училишта, спортски сали и изграба и реконструкција на студентски домови.

Уште еден сектор каде има повеќекратно зголемување на капиталните инвестиции е земјоделство. Во буџетот се предвидени инвестиции во системите за наводнување во јужната долина на Вардар, за хидросистемот Лисиче во Велес, како и за хидросистемот Злетовица. Значителни средства се издвоени и за поддршка на руралниот развој.

Како што потенцираше ресорниот министер Миноски, и покрај двата предизборни периоди во кои не може да се реализираат капитални инвестиции, ниту еден од капиталните проекти не е откажан, туку се предлага нова динамика за реализација.