Балкан
10. December 2016 - 20:45

Кантоналната федерација Босна и Херцеговина не функционира

По дејтонскиот договор од 1995 година Босна и Херцеговина, кој беше наметната дипломатска завршница на тригодишната тешка босанска војна, Босна и Херцеговина е организирана како федерална држава составен од кантони. Со босанскиот закон од 2016 година државата има десет кантони кои се поделени на 5 бошњачки и пет хрватски, псоред доминавијата на етничкото население во нив. За разлика од Бошњаците и Хрвтаите кои се поделени во кантони, Србите во Република Српска немаат таква поделба, територијата е едниствена целина под една управа.

Поради кантоналната поделба Босна и Херцеговија е федерација. Кантоните имаат висок степен на самостојна власт па така, кантоните имаат сопствена полиција, сами одлучуваат за образованието, за рудните и природни богатства и културата. Федерацијата, или централната власт има малку ингернеции, и тоа во здравството, социјланата заштита и сообраќајот.

Практично, државата Босна и Херцеговина има само политичка заднина но, главните полуги на власта се во рацете на кантоните, со што централната власт само ја претставува државата во странство а одлуките им припаѓаат на кантоналните шефови. Кантоните, имено имаат своја сопствена влада, свој премиер и негов кабинет.

Оваа организација на кантони во Босна не функционира, проблем е кој со години немоѓе да се реѓи затоа што нема согласност помеѓу Бошљаците и Хрвтатите кои, при секоја најава за преговори за укинување или реорганизација на кантоните, сметаат дека другата страна сака да им наметне свои интерси, и неколку пати досега дијалозите за реформи на кантоните донеле насилства, полемика со закани за нова војна и слично.

Според резултатите од истражување на Ханрих Боел и иницијативата Европската интеграција на Босна објавено кон крајот на 2015 година, граѓаните кои се жители во кантоните имаат проблеми во секојдневниот живот кои со ваквата кантонална организација го блокираат животот.

Ако некој се разболи во еден кантон, а болницата е во друг, мора да добие согласност од кантоните за да може да оди на лекување. Ученик од еден кантон може да се запише во средно училиште во друг кантон само со писмена согласнот за прием при уписот, иако навидум уписот го прави во истата држава, Босна и Херцеговина.

Според наведеното европско истражување кантоните се однесуваат како држава во држава, и секој обид за централизација и подобра органзација на власта доживува отпор, закани и блокирање од страна на кантоните.

Ако го земеме примерот со здравството, најголем противник на рефомите на кантоните и враќање на централната власт од кантоните во Сараево е натнонот – Сараево. Имено, во тој кантон се наоѓа најголем број од болниците и здравствните капацитети и граѓаните на кантонот Сараево не сакаат тие капацитети да ги делат со пациенти од другите кантони затоа што сметаат дека ќе им се создаваат гужви, амортизација на апаратите и слично. Кантонот Сараево располага со фонд од 170 миклиони евра во здравството, а кантонот Тузла иако е значително поголем има на арсполагање само 55 милиони за здравство.

Слична е состојбата и во другите области. Што се нашло од капацитети во некој кантон при подлбата, тој кантон себично ги присвојува и не дава така елсно и без пари тие капацитети да ги користат граѓани до другите кантони, било да се работи за здравство, образование, градеќништво, туризам или искористување на руди и природни ресурси.

Шефот на европската делегација во Босна и Херцеговина Ларс Вигермарк тврди дка правниот систем во Босна и Херцеговина не функционира и дека е невозможно со сегашната кантонална и регионална органзиација да функционираат даноците, акцизите и судскиот систем но, етничките раководства и кантоналните власти се противат на реформите. Кантоните имаат реална власт и свои профити, и не гледаат причини зошто да се откажат од профитите и привилегиите. Босна, држвата во која се, им е во втор план.