Свет
24. September 2017 - 21:29

Канело Алварес донира милион долари за жртвите од земјотресите во Мексико

Еден од најпопуларнтите мексикански спортисти, 27-годишниот боксер Канело Алварес донираше еден милион долари како помош за жртвите на земјотресите, што го погодија Мексико во последниве две недели.

- Тоа е најмалку што можам да сторам. Се надевм дека и други ќе се вклучат да им помогнат на настраданите, рече Алварес, кој е трикратен светски првак во супер велтер и средба категорија.  

Последниве две недели Мексико го погодија серија земјотреси, при кои загинаа над 400 лица