Ракомет
9. February 2016 - 12:53

Канелас во РК Вардар

Ракометниот клуб Вардар, на својата официјална страница, го потврди трансферот на шпанскиот репрезентативец Жоан Канељас (29). Канељас на Вардар ќе му се приклучи по завршувањето на сезоната, а со македонскиот шампион потпиша тригодишен договор.
 
Освојувачот на сребрениот медал на неодамна завршеното Европско првенство, изминатиот викенд беше во Скопје, се запознал со условите кои владеат во клубот и ја договорил соработката со ’црвено-црните’.
 
Канељас ќе ја зголеми шпанската колонија во Вардар, каде веќе играат неговите репрезентативни колеги Штербик, Македа и Душебаев, а стручниот штаб го предводи Раул Гонзалес, заедно со помошникот Давид Дејвис Камара.
 
Средниот бек во моментов настапува за Кил, а во кариерата играл во БМ Гањољерс (2004-2006), Барселона (2005-2008), Гарњољерс (2008-2009), Сиудад Реал (2009-2011), Атлетико Мадрид (2011-2013) и Хамбург (2013-2014).