Македонија
24. November 2016 - 16:19

Кандидатката за пратеник на СДСМ, Ѓулумсер Касапи децидна: Програмата на СДСМ предвидува редефинирање на државата

Преку специјална програма лидерот на СДСМ ќе ги решава ветувањата дадени пред Албанците. Потврда дека Зоран Заев подготвува редефинирање на државата дава и канидатката за пратеник од редовите на СДСМ Ѓулумсер Касапи. Како втора на листата за пратеници на СДСМ во 6та изборна единица Касапи во емијата на Алсат потврди дека токму платформата која ја нуди била причина да верува во ветувањата на Заев.

-Платформата која и јас ја поддржувам, како и принципите кои се поставени силно во предизборната платформа ме убедуваат дека СДСМ, предводен од господинот Зоран Заев ќе ја реализира и ќе ја отстани од дневен ред употребата на албанскиот јазик во Македонија. За тоа сигурно ќе се подготвува и специјална програма која секако ќе биде усвоена во највисоките државни инстанции, вели Касапи.

Касапи во емијста на Алсат вели дека лидерот на СДСМ преку оваа програма ќе обезбеди решавање на прашањето со јазикот за албанците во Македонија, односно она што албанските партии не успевале да го решат.

-Сум ја прочитала и сум ја студирала многу добро програмата на СДСМ и дефинитивно верувам дека многу проблеми ќе се решаваат и меѓу и проблемот со албанскиот јазик. Имам впечаток дека албанските партии карајќи се една со другата не успеваат да ги решаваат виталните и главните прашања истакнува Касапи.

Ѓулумсер Касапи, во интервјуто посочува дека без разлика на политиките на СДСМ таа како пратеник во собранието на Македонија ќе ги брани интересите на Албанците и секогаш својот глас че го користи како Албанка.

-Јас ќе гласам како албанка, порача Касапи.

Прашањето за редефинирање на државата е внесено во програмата на СДСМ вчера тврдеа и од владеачката партија. Кандидатот за пратеник Трајко Вељановски порача дека граѓаните на 11 декември одлучуваат во какава Македонија сакаат да живеат.

-СДСМ предвидува децентрализирање и на социјалната заштита, управувањето со земјоделското земјиште, шумите, пасиштата. Скандалозно и опасно за иднината на нашата земја. Граѓаните мора да го знаат ова. Граѓаните мора да знаат дека на 11 декември одлучуваат меѓу унитарна и суверена македонија или двојазична, кантонизирана и федерализирана македонија. Граѓаните мора да знаат дека на 11 декември одлучуваат меѓу концепт кој обезбедува сигурност и заштита на највисоките национални интереси и концепт кој води кон разградување на државата за која што животите ги дадоа илјадници Македонци, истакна Вељаноски.

Ставовите на Касапи доаѓаат по пораките од лидерот на СДСМ упатени пред  албанската дијаспора од албанска во Швајцарија и во неколку телевизиски интервјуа.