-->
-->
Кандидатите за градоначалници утре ќе го потпишат Кодексот за фер избори
-->
Согласно член 8-в од Изборниот законик, учесниците во изборниот процес ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.
Кодексот за фер и демократски избори ќе го потпишат сите кандидати за градоначалници во сите општини во Република Македонија и градот Скопје синхронизирано на 24 септември (недела) во 12 часот.
Со овој Кодекс учесниците во локалните избори се обврзуваат и си ветуваат еден на друг, но и на сите граѓани на Република Македонија, дека ќе се придржуваат и активно ќе ги промовираат принципите на слободни и фер избори.
Учесниците во изборите со потпишувањето на Кодексот јасно изразуваат волја да го почитуваат избирачкото право кое е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.
Церемониите на потпишување на Кодексот се во организација на општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје. Кандидатите за градоначалници на градот Скопје, Кодексот ќе го потпишат во седиштето на Државната изборна комисија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Излезноста до 11 часот на избирачките места во Кочанско е околу 13 отсто
-
Сончево, попладне со услови за краткотраен дожд
-
Излезноста до 11 часот е 12.78 отсто
-
Платил преку интернет 21 илјада евра за роба која не стигнала, измамен тетовец
-
79-годишен дедо нападнал полицаец во Куманово
-
Грк починал во битолско казино
-
Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
-
Излезноста до 9 часот во Општина Тетово е 3,2 отсто