Свет
2. November 2017 - 23:23

Кандидат на Трамп за висока функција се повлече поради поврзаност со руската вмешаност во изборите

Кандидат на американскиот претседател Доналд Трамп за висока функција во Министерството за земјоделство на САД се повлече, откако неговото име се појави во истрагата за руската вмешаност во претседателските избори во 2016 година.

Сем Кловис, кого Трамп го номинираше за раководител на научниот оддел во Министерството за земјоделство, беше цел на критики откако се откри дека „го охрабрил“ советникот за надворешна политика Џорџ Пападопулос да се поврзе со Руси, додека работел во изборниот штаб на Трамп.

Белата куќа соопшти дека ја прифаќа одлуката на Кловис да се повлече.

Кловис беше критикуван за таа номинација и поради тоа што нема доволно научна работа.