Македонија
29. March 2017 - 23:10

Канческа-Милевска: Изнесување постизборна платформа од друга држава е државен удар

Сето ова што го направи СДСМ е еден вид државен удар на сопствената држава. Има една изрека: „На лагата ѝ се кратки нозете“. Тоа и го гледаме сега во парламентот денеска што се случи, кога се исчита целата платформа, изјави членот на извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ Елизабета Канческа-Милевска.
 
Канческа-Милевска вели дека не може после избори да се изнесува документ со кој се руши суверенитетот и интегритетот на државата.
 
-Не можете вие да одите на избори и после избори да изнесувате еден документ, платформа којашто е донесена во друга држава, со којашто платформа се руши суверенитетот и интегритетот на сопствената држава и сопствените граѓани. Тоа е државен удар, просто и едноставно кажано, рече Канческа-Милевска.