Свет
1. August 2016 - 8:37

Канадскиот премиер Трудо ја отвори геј парадата во Ванкувер

Над половина милион лица се собраа на геј парадата во центарот на Ванкувер, во канадската провинција Британска Колумбија. 

Парадата, на која се вееја знамиња со виножито, беше отворена од страна на канадскиот премиер Џастин Трудо.

- За мене е голема чест, што се враќам тука во Ванкувер, за парадата на гордоста, изјави воодушевено Трудо. 

Кон почетокот на јули Трудо учествуваше на геј парадата во Торонто и со тоа стана првиот канадски премиер кој се вклучил на манифестација од ваков вид.