Свет
21. August 2016 - 16:38

Кампањата на Трамп во јули била двојно поевтина од онаа на Клинтон

Компаниите на Доналд Трамп имаат направено долгови од најмалку 650 милиони долари, што е двапати повеќе од тоа што во текот на својата кампања го пријави републиканскиот кандидат за американски претседател, информира весникот „Њујорк тајмс“.

Истрагата на весникот покажала дека освен долгови од 650 милиони долари, значителен дел од финансиската состојба на Трамп е врзана со три партнерства, кои на повеќе кредитори им должат вкупно две милијарди долари.

 Доналд Трамп во јули  двојно ги зголемил трошоците за неговата кампања, но и на тој начин потрошил далеку помалку пари од Хилари Клинтон.

Новите финансиски документи покажуваат дека за кампањата Трамп во јули потрошил околу 18,5 милиони долари, а Клинтон потрошила 38 милиони долари.

Неговата кампања во целина во јули собрала 37 милиони долари, а таа на Клинтон дури 52 милиони долари, посочуваат американските медиуми.

Ослободен киднапираниот син на мексиканскиот нарко бос Ел Чапо

 Синот на мексиканскиот нарко бос Хоакин Гусман (Ел Чапо) - Хесус Гусман, кој во понеделникот беше грабнат во морското летувалиште Пуерто Валарта, во петокот вечерта бил ослободен, јави неговото семејство.Oслободени се уште пет други лица, киднапирани заедно со Хесус од барот на ресторанот во рамки на квартот од градот.

Хесус Гусман , син на шефот на наркокартелот „Синалоа“ од неговиот прв брак, беше киднапиран од вооружени лица од соперничкиот картел „Халиско Нова генерација“. Киднапирањето ја зголеми  опасноста од војна меѓу двата наркокартела.

Јилдерим: Русија може да ја користи базата Инџирлик доколку тоа биде неопходно

Турскиот премиер Бинали Јилдирим вчера изјави дека Русија не побарала од неговата земја користење на воената база Инџирлик, но дека таа база може да биде користена доколку тоа се покаже за неопходно.

 Јилдерим изјавил дека на Русија оваа база не и е потребна бидејќи веќе има две бази во Сирија.  на оддалеченост помала од 150 километри.

Турскиот премиер  потенцирал дека  базата Инџирлик  Турција ја отвори заради борбата против терористите од ДАЕШ. Неа ја користат САД и Катар. Другите земји, исто така, можат да побараат да ја користат оваа авио-база, во која сега делуваат и Германците.