Бизнис
22. March 2017 - 10:24

Кампања „Жените буџетираат!“ во Карпош и Центар

Граѓанската организација „Акција Здруженска“ денеска ќе ја реализира четвртата мартовска кампања „Жените буџетираат!“ со цел да го поттикне интересот на жените за тоа како и во чија корист се управува со локалните јавни финансии.

Кампањата ќе се одвива преку еден вид улична анкета на две локации, во ТЦ Лептокарија од 11 часот и Зелено пазарче, кај „Краш“ во 14 часот.

„Акција Здруженска“ информира дека јавните финансии не смеат да бидат забранета зона за жените. 

Кампањата освен во Карпош и Центар се спроведува и во Кавадарци, Радовиш и Струмица во соработка со локалните женски организации кои се вклучени во менторската програма за следење и застапување на родовата еднаквост во буџетските процеси. Кампањата е дел од активностите на проектот на Акција Здруженска „Застапување родово инклузивни буџети“, поддржан од Цивика мобилитас