Македонија
5. January 2016 - 8:31

Кампања за заштита од пожари од бадникови огнови

На платото пред ТЦ „Бисер“ и на други локации на територијата на Општина Аеродром денеска напладне ќе се одржи кампања за заштита од пожари по повод палењето бадникови огнови, во пресрет на големиот христијански празник Божик.

Целта на кампањата е да се едуцираат граѓаните како да постапат со огнот, кој претставува традиционален начин да се прослави овој голем христијански празник, а воедно претставува и потенцијална опасност за настанување пожари.

Кампањата за заштита од пожари во пресрет на големиот христијански празник Божик, кога се палат бадниковите огнови, како и за правилно користење на грејните тела во зимскиот период, ја организира Општинскиот противпожарен сојуз „Аеродром“. сст/лв/07:26