Македонија
28. November 2015 - 9:56

Кампања за ратификација на Конвенцијата за заштита од насилство

Националниот совет за родова рамноправност спроведува кампања чија цел е ратификација на Конвенцијата на Совет на Европа (Истанбулска конвенција) за заштита од родово базирано и семејното насилството.

Кампањата трае во тек на целата година, но, интензивирана е во периодот на светското одбележување на 16 дена активизам за борба против насилството врз жените и ќе трае до 10 декември 2015 год.

Република Македонија е земја потписничка на Истанбулската конвенција, но се уште ја нема ратификувано, а целта на оваа капмања е тоа да се направи. 

НСРР во овој период, во насока на заштита на жените од насилство има повеќе активности како улични активности, трибини, ТВ спот, разгледници со пораки упатени до надлежните институции.

Заинтересираните можат на веб страницата www.potpisuvam.mk да се приклучат и ја поддржат ратификација на Конвенцијата.