Фудбал
9. December 2016 - 13:57

Камп:Ангеловски го одржа првиот тренинг

А-националниот тим на Македонија веќе го одржа првиот тренинг на селективниот камп кој ќе трае до 14-декември. На кампот се речиси сите повикани фудбалери со исклучок на Давид Бабунски и Ферхан Хасани додека Кире Маркоски е упатен на дополнителни медицински прегледи и најверојатно и тој подоцна ќе се приклучи на кампот. 
Селекторот Игор Ангеловски за овој камп ги повика следните играчи:
МАКЕДОНИЈА А репрезентација (селективен камп):
 
Голмани: Филип Гачевски (Вардар), Дамјан Шишковски (Работнички);
 
Одбрана: Мевљан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кристијан Тошевски (Пелистер), Кире Ристевски (Вашаш, Унгарија), Висар Муслиу (Ренова), Дарко Велковски (Вардар);
 
Среден ред: Бојан Најденов (Работнички), Бесир Демири (Шкендија), Љупчо Дориев (Академија Пандев), Бобан Николов (Вардар), Душко Трајчевски (Работнички).
 
Напад: Бесарт Ибраими (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички), Даниел Аврамовски (Црвена Звезда, Србија)
 
Во рамките на кампот  ќе се одиграат  и две контролни средби А-репрезентација против  младата селекција на Македонија.  Средбите ќе се одиграат во понеделник (12.12) и среда (14.12)  на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров.