-->
-->
Камп:Ангеловски го одржа првиот тренинг
-->
А-националниот тим на Македонија веќе го одржа првиот тренинг на селективниот камп кој ќе трае до 14-декември. На кампот се речиси сите повикани фудбалери со исклучок на Давид Бабунски и Ферхан Хасани додека Кире Маркоски е упатен на дополнителни медицински прегледи и најверојатно и тој подоцна ќе се приклучи на кампот.
Селекторот Игор Ангеловски за овој камп ги повика следните играчи:
МАКЕДОНИЈА А репрезентација (селективен камп):
Голмани: Филип Гачевски (Вардар), Дамјан Шишковски (Работнички);
Одбрана: Мевљан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кристијан Тошевски (Пелистер), Кире Ристевски (Вашаш, Унгарија), Висар Муслиу (Ренова), Дарко Велковски (Вардар);
Среден ред: Бојан Најденов (Работнички), Бесир Демири (Шкендија), Љупчо Дориев (Академија Пандев), Бобан Николов (Вардар), Душко Трајчевски (Работнички).
Напад: Бесарт Ибраими (Шкендија), Кире Маркоски (Работнички), Даниел Аврамовски (Црвена Звезда, Србија)
Во рамките на кампот ќе се одиграат и две контролни средби А-репрезентација против младата селекција на Македонија. Средбите ќе се одиграат во понеделник (12.12) и среда (14.12) на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вештачењето откри - Избришани повици и пораки од телефонот на мајката на исчезнатата Данка
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто