Македонија
22. March 2018 - 8:49

Камиони и автомобили само со зимска опрема на патот до Попова Шапка

 -  Забрана за движење на тешки товарни и за патнички возила без зимска опрема е воведена изутрина во 8:20 часот на патот до Попова Шапка, информира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). 

Поради интензивните врнежи од снег претходно се воведена забрани за движење на камиони и на регионалниот пат Дебар-Маврово, на магистралниот пат Гостивар - Кичево, преку планинскиот превој Стража.

Сообраќајот на другите државни патишта се одвива отежнато по влажни коловози. Снег врне кај Страцин, на Маврово, Стража, Буково, Ѓавато, Попова Шапка, Пресека и во Смојмирово.