Бизнис
10. January 2018 - 19:33

Камионџиите се заканија дека Фени нема да почне со работа додека не им биде исплатен целиот долг

Пред утрешното рочиште на кое треба да се одржи совет на одборот на доверители на Фени, транспортерите од Кавадарци со апел до идниот инвеститор- во целост да им им биде вратен долгот  во спротивно тие нема да дозволат комбинатото да продолжи со работа.

-Сакаме да упатиме јавна порака до сите учесници на ова рочиште дека здружението Кипери од Кавадарци односно сите осптвеници на ововј тип камиони кои вршеле транспорт и имаат побарувања од Фени нема да дозволат комбинатото да продолжи со работа ако не им биде исплатен долгот во целост односно до последне денар. Сите знаеме дека ние псреставуваме еден од најголемите доверители на ФЕНИ, се вели во писмото на транспортерите.

Од друга страна и вработените во Фени стравуваат за својата судбина  затоа што во огласот за давање на Фени под закуп не се споменати со  ниту една реченица. Се надеваат дека тоа нема да биде проблем за исполнување на првичните најави дека никој од Фени нема да биде отпуштен туку дека бројот  на  работници ќе се зголемин откако фабриката  целосно ќе се рестартира.  Посочија дека сеуште немаат ниту одговор на дописот со нивните забелешки кој го доставиле до стечајниот управник.

- Иако сите велеа дека стечајната постапка ќе зварши брзо ние не верувавме и на лрај излезе по наше. Дека процесот трае долго и поради тоа мора да се оди на друга варијана објавување на оглас за закуп, затоа што перидот е долг и не може да се издржат трошоците  кои ги прави комбинатот. Но работнците нормално дека се во грч затоа што во огласот за закуп не се споменати работнците, Пеце Ристевски – СИЕР

Вработените жалат што Фени не е во можност да работи нормално во време  кога никелот има најдобра цена со која може многу да се заработи.

Во игра за Фени  беа неколку заинтересирани компании но на крајот во јавноста излезе информацијата дека се фаворизира швајцарскиорт фонд ФОС АСЕТ, единствениот кој потпиша меморандум за соработка со банките. Стечајниот управник  го демнатираше ова со  допис во кои посочи  дека огласот  со кои се бара инвеститор е транспарентен.

Огласот за давање на Фени под закуп трае до  утре кога во судот во Велес треба да се одржи советот на одборот на доверители. Стечајниот управик пак треба да каже колку се побарувањата кон Фени кои се прифатени а кој се спорни. Долгот на Фени се проценува на 62 милиони евра. Најголеми доверители се банките кои побаруваат 40 милиони евра.