Македонија
24. May 2017 - 14:09

Камион излета од патот Крива Паланка - Куманово

Камион со косовски регистарски ознаки излета од магистралниот пат Крива Паланка - Куманово кај село Длабочица.
 
Камионот кој сообраќал кон Куманово, патувал од Граничниот премин Деве Баир, а пред локалитетот Просеченик, меѓу селата Длабочица и Псача, се излизгал поради влажниот коловоз и се испречил на десната страна од патот. 
 
Според првичните сознанија, возачот на камионот, на педесетгодишна возраст, минал без повреди, а камионот го обезбедуваат полициски лица, со цел регулирање на сообраќајот.
 
Сообраќајот на магистралата Куманово - Крива Паланка се одвива непречено.