Македонија
9. November 2015 - 14:24

Камерон : Сегашниот статус кво со ЕУ не е доволно добро решение

Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека сегашниот статус-кво во ЕУ и во односите меѓу Лондон и Брисел, не е доволно добро решение.

- Доколку новите преговори, што ги предлагаме со ЕУ, не успее, тогаш ние ќе мораме да се прашаме дали оваа организација е за нас, рече Камерон.

Британскиот премиер зборувеше во Комората на британските индустријалци, уверувајќи дека тој е „многу сериозен„ кога зборува за потребата од организирање референдум за останување, или за напуштање на ЕУ.

Камерон вели дека не станувз абор за тоа дали Велика Британија може да преживее надвор од Унијата, туку дали ќе биде поуспешна во едни такви услови.

Изјавата на британскиот премиер доаѓа непосредно пред утрешното предавање на писмото на претседателот на Европскиот сивет, Доналд Туск, со барањата на Велика Британија за реформирање на ЕУ и за нови прегОвори меѓу Лондон и Брисел, околу идниот статус на земјата.
Во Лондон се верува дека оваа недела е „клучна„ за Камерон и неговите аргументи за барањата, во дијалогот со другите лидери на земјите членки на ЕУ.

Првпат, британските барања ќе бидат разгледани на Самитот на ЕУ во декември во Брисел, последен за оваа година.

Новото предупредување на Камерон до Брисел дека Британија е „сериозна„ кога станува збир за моЖниот излез од ЕУ, доаѓа само десетина денови по неговата порака до британската јавност, во која тој за прв пат забележа дека надвор од Унијата во земјата нема да тече мед и млеко.

Ваквото негово предупредување предизвика револт кај британските евроскпетици, кои се најбројни во неговата Конзервативна партија, обвинувајќи го Камерон дека преговорите на кои инсистира зборувајќи за домашната јавност се само прикривање на определбата земјата да остане во ЕУ.

Активистите на кампањата за напуштање на Унијата, бараат да нема никакви преговори со Брисел и Британија веднаш да ја напушти ЕУ.