Македонија
20. March 2018 - 10:25

Камерниот оркестар од Битола со „Џон Вилијамс Симфонија“ во МОБ

Камерниот оркестар на Битола вечер ќе гостува во Македонската опера и балет и во соработка со музичари од Mакедонската филхармонија и од МОБ ќе одржи концерт насловен „Џон Вилијамс Симфонија“ (John Williams Symphony).

Оркестарот ќе изведе композиции од познати филмови, како „Војна на ѕвездите“, „Супермен“, „Индијана Џонс“, „Џурасик Парк“, „Шиндлеровата листа“... Солист на виолина ќе биде Климент Тодороски.

Камерниот оркестар на Битола работи под покровителство на битолскиот Центар за култура и својот нов музички проект во неделата го промовираше на матичната сцена.