Македонија
25. September 2016 - 17:43

Камерите ги заштитија градските автобуси од вандализми

Граѓаните не ги чуваат доволно градските автобуси. Откако се набавени до сега минаа 6 години а ЈСП редовно менува држачи, навлаки и седишта. Но, камерите и казните ги освестија несовесните граѓани. 247 штети на автобуси се регистрирани поради инциденти предизвикани од патници во период од 2013 до 2016 година. Над 30 пати биле укажани и директни закани кон возачите за овој период.  Директорот на ЈСП вели како претпријатије постојано се грижат да ги санираат и технички редовно да ги одржуваат возилата.

Во период од 2014 и 2014 наплатени од осигурителната компанија се 19 214 000 денари за возила, авто одговорност и двете автобази. Во 2015 сумата е значително помала и изнесува 9 733 838 денари. За оваа година наплатени се 490 000 денари.

Пензионерите ги обвинуваат помладите, велат учениците најчесто ги прават турканиците и шараат во автобусите. Како категорија која најмногу го користи јавниот градски превоз велат задоволни се од линиите. Најчесто се возат во автобус кога одат до пазар, на терапија, да прошетаат и да ги посетат роднините.

Изминатиов период се менуваа автобуските постојки, се воведе нов систем на наплата со електронски картички со кој се забрзува протокот на движење на патниците но и безбедноста во сообраќајот.  Хартиените билети за едно возење останува да се купат само кај возачот. Другите ќе бидат впишувани во електронските картички. Целосното укинување на старите билети ќе стапи на сила од јануари следната година. ЈСП почна и нов проект со кој им овозможува на креативните студенти и стар ап компании да смислат најдобро решение за тоа како да се подобри јавниот градски превоз. Треба да дадат иновативни идеи со кои ќе се намали метежот во автобуските линии  кои се најоптоварени, како 5ка 15ка 22ка 19ка  и 57ца.  За реализација на овие идеи од особено значење ќе бидат лабораториите на техничките факултети.Најдобрите ќе добијат парична награда од 45 000 денари како и бесплатно користење на рекламниот простор на ЈСП.