Македонија
17. October 2017 - 12:18

Каменувано полициско возило во Скопје, повреден еден полицаец

Синоќа околу 20,55 часот во СВР-Скопје, полициски службеници со службено возило „Дефендер“ се движеле по автопат кон Скопје под мостот Маџари од страна на непознато лице било фрлено со камен при што било оштетено ветробранското стакло.

По каменувањето со повреди се пожалил еден полициски службеник кој бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

МВР презема мерки за расчистување на настанот.