Македонија
24. јуни 2016 - 12:23

Каменување на патнички воз - Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците

 
 
 
Во 03 часот помеѓу железничката станица-Скопје Север и железничката станица-Ѓорче Петров, поточно кај надвозникот кај Визбегово, непознати лица извршиле каменување на патнички воз кој сообраќал на релација Скопје–Кичево.
 
Скршено било едно неподвижно прозорско стакло од вагон, додека повредени патници за среќа нема.
 
Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците.