Каменос: Македонија е една и грчка, Вардарска е прифатливо име
Македонија е една и грчка, неколку пати повтори претседателот на Независни Грци во обраќањето на Националниот совет на партијата. Панос Каменос, кој воедно е и министер за одбрана, а неговата партија коалициски партнер во грчката влада, како прифатливо решение го предложи името Вардарска, кое, како што јавува дописникот на МИА од Атина, го изговори исто како што се изговара на македонски, и го спомена без никаква придавка или додавка.
- Да, посакуваме решение. Ќе направиме се за да ги убедиме. Но, постојат и словенски термини што може да ги користат и што ги прифаќаме, како што е Вардарска. И кое што во суштина е географска одредница што ја имаа пред да започнат историските пресврти, рече Каменос пред членовите на Националниот совет.
Аплауз од присутните изнудија деловите од говорот на лидерот на Независни Грци кои се однесуваа на името Македонија и потенцирањата дека терминот е еден и единствено грчки.
- Нема да отстапиме од грчкиот термин Македонија и секако грчки термин Македонија е и New Македонија и Upper Македонија и Долна Македонија и Горна Македонија. Македонија е една и грчка како што ја опиша Константинос Караманлис на аеродромот Македонија како претседател на Република Грција, рече претседателот на Независни Грци, пренесува МИА.
Панос Каменос, порача „северните соседи да разберат дека нивната единствена надеж и нивното единствено решение е да прифатат решение што нема да ја повредува Грција“.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар