Македонија
20. January 2017 - 20:08

Какво време не очекува утре?

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла.

Утринската температура ќе се движи од минус 14 до минус четири, а дневната од минус три до шест степени.

Во Скопје утрото ќе биде магливо и студено, а преку денот умерено облачно. Утринската температура ќе се спушти до минус 11, а дневната ќе се искачи до минус два степена.

За време на викендот и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под минус 10 степени. Претпладне по одделни котлини и натаму ќе има појава на магла.

Во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а на места со умерен интензитет. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање.