Македонија
18. August 2015 - 11:11

Какво време не очекува до крајот на неделава?

 
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, долж Повардарието, наместа повремено ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 34 степени.  УВ индексот ќе биде 8.
 
Утре во доцните попладневни и вечерни часови се очекува зголемување на облачноста особено во северните делови каде ќе има и услови за краткотраен  дожд со ретки грмежи. Појава на локална нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи се очекува и во четврток. Но во попладневните часови од север ќе се спушта постуден воздух проследен со умерен, а долж Повардарието и со засилен северен ветер, кој ќе предизвика  пад на дневната температурура за 3 до 5 степени. Потоа за викендот  следува стабилно но не многу топло време.