Џет-Сет
10. May 2016 - 20:39

Каков подарок од Аркан чува Цеца за 18. роденден на Анастасија

Анастасија Ражнатовиќ кон крајот на месецот ќе го прослави 18. роденден и за таа вечер одамна се зборува.

Славеничката роденденската организација му ја остави на семејството, и го послуша советот од мајка и, која и рече дека нејзино е само да биде убава.

Цеца за оваа прилика одлучи на Анастасија да и подари вреден подарок.

Имено, таа немала некоја посебна жела за роденденскиот подарок, но се надева дека конечно ќе ги добие обетките кои мајка и со години ги чува за неа.

Да потетиме, Цеца за 18. роденден на синот Вељко му подари ролекс од Аркан, па се очекува на Анастасија да и ги подари токму тие обетки кои цели 18 години ги чува за неа, за полнолетство.