Живот
8. March 2017 - 14:15

Како во хорор филм: Изгоре куќата на тренерот на Рома, внатре пронајдени две јагленисани тела

Тренер на Рома Лучиана Спалети нема мир ни надвор од фудбалските терени зошто во неговата запалена куќа се пронајдени две јагленисани тела.

Силниот ветер овие денови во Италија рушеше се пред себе па дури коренеше и дрвја кои потоа ги носеше на сите страни.

Поради невремето на имотот на Спалети во Емпоља избил пожар, во кој загинале две лица.

Се претпоставува дека се бездомници кои таму престојувале зошто Спалети сега живее во Рим. Се сомнева дека провалиле во неговиот дом, но повеќе детали ќе се знаат кога ќе заврши истрагата.