Живот
23. April 2016 - 19:02

Како во Данска со реклами се промовира сексот меѓу младите?

Рекламата направена од туристичката агенција Спајс Рејсер, ги повикува родителите кои сакаат да станат баби и дедовци наскоро, да им уплатат одмор на своите деца, на кои им е време за деца како би сретнале партнер - со што би се зголемиле шансите за внуци. Идејата е базирана на истражувања дека желбата за секс се зголемува за време на некое патување.

Додека туристичката агенција си ги рекламира своите аранжмани за патувања, истовремено се обраќа на намалениот наталитет на Данска. Погледнете ги овие реклами.