Живот
15. March 2017 - 14:11

Kако се запознаа Tрамп и Mеланија – тој требаше да заврши со друга жена

Откако стана прва дама, Мелани Трамп, новинарите континуирано ја опседнуваат. Сакаат да ја дознаат секоја нејзина интимна приказна, да ги откријат пикантериите, но и да нушкаат во односот кој го има со својот сопруг, американскиот претседател Доналд Трамп.
 
За неа, CNN подготви специјал, кој се фокусирал на тоа како се прилагодува во улогата на првата дама. Како што заклучува оваа медиумска куќа, Меланија е „една од најинтересните фигури во администрацијата на Трамп“.
 
Во специјалот се посветија на првите години на Меланија и нејзиниот престој во САД, како и нејзината прва средба со 45 претседател на САД.
 
„Се запознавме на забавата по повод модната ревија… голема модна ревија која ја организираше мојот пријател на Неделата на модата во Њујорк, и ме повика. Така се запознавме јас и Доналд“, изјави првата дама за CNN.
 
Забавата била во септември 1998 година во Кит Кет клубот.
 
„Требаше да се запознаам со некој друг… еден супермодел. Но не бев заинтересиран. Реков, заборави ја неа, која е таа од левата страна?“, праша Трамп тогаш покажувајќи на својата идна сопруга.
 
Трамп тогаш ја запостави својата придружничка и опиен од убавината на Меланија, ја молел манекенката да му го даде својот број на телефон. Таа го одби, а тој и ги даде на нејзе своите броеви од телефонот и му се понуди да му се јави.
 
Меланија пак по недела дена го повика Трамп и се согласи да излезе со неа.
 
Трамп набрзо ја шармираше. Истакна дека и се допаднало тоа што е брз на јазик, интелегентен и полетен.
 
Нивната врска дошла на искушение во 2000 година, баш во време кога милионерот за прв пат имаше намера да се кандидира за претседател на САД, но љубовта се чини била посилна. Се верија во 2004 година, на вечера во Costume Institute Gala, кога Трамп и го подари вереничкиот прстен од два милиони долари. Наскоро потоа се пресели на Петтата авенија во популарната кула на Трамп.
 
Година дена подоцна, го добиија наследникот Барон Трамп.
 
Погледнете го видеото: