Македонија
1. October 2017 - 17:19

Како се прави највкусното слатко од смокви

Како се прави највкусното  слатко од смокви?  Одговорот на ова прашање викендов можеше да се добие во Гевгелија која на едно место ги собра најдобрите мајстори од југот на државата кои се натпреваруваа во варење слатко од зрели смокви. Гевгеличани велат понудата е голема, но гевгелиското слатко од смокви е најдобро.

Тајната била во  рецептот кој се чува со генерации, но сепак најважни   биле  смоквите кои во овој дел од државата имаат поинаков вкус поради самото поднебје и големиот број сончеви денови.

-Гевгелиските смокви се најслатки смокви поради поднебјето и големиот број на сончеви денови. Значи смоквата е растение која не бара многу влага,  бара сушни периоди во моментот кога зрее плодот. Во тоа зреење тој собира големо количество на шекер и затоа е карактеристична поради високата содржина на шекер и слаткото има поспецифичен вкус од останатите предели во околината каде што се вари слаткото од смокви. Традиционален начин на приготвување, се обаруваат смоквите во вар претходно, има некои коишто  ги лупат, некои се со лушпа и тој специфичен, карактеристичен вкус без никакви адитиви,  без никакви додатоци, значи најприроден начин, вели Круни Прошев – здржение на граѓани Тера

За најдоброто и највкусното слатко од смокви на гевгелиската смоквијада која се одржа по единаесесетти пат оваа година одлучуваше присутната публика кој имаше можност да вкуси од приготвеното слатко и да ја даде својата оценка. Веќе традиционално во рамите на манифестацијата беше организирана и презентација на голем број специјалитети од смокви, но и богата забавна програма.