Живот
27. August 2016 - 20:13

Како на филм: Напишаа СОС во песокот и чекаа спас

Двајца исчезнати наутичари, спасени се во петокот вечерта, по недела дена откако авион на американската морнарица го здогледа СОС напишан на песокот на пуст остров во Пацификот.

Преживеаните, кои се забележани на островот Ист Фај во Сојузната држава Микронезија, се на сигурно, јави американската крајбрежна стража.

Photo published for Castaways Rescued After Writing Out Enormous 'SOS' In The Sand

 
Двојката тргнала со помал брод од островот Вебо на 17 август кон островот Таматам со ограничени залихи од храна и без опрема за итни случаи.
 
Иако на Таматам требало да стигнат наредниот ден, тоа не се случило.
 

На 19 август, командниот центар на Крајбрежната стража во Гуам е известен за исчезнувањето на чамец со две лица. Во потрагата се вклучиле 14 лица, два авиони и еден полициски патролен брод.