Македонија
23. February 2017 - 19:41

Како на филм: Алфите уапсија осуден убиец кој избега од Идризово пред 11 години

По десет години успешно криење од лицето на правадата Енвер Зимери повторно е зад решетки.

Еден од најбараните извршители на делото убиство во земјата бил приведен ноќта во вторникот.

Според информациите на Сител, две години полицијата ја следела неговата трага.

Припадници на мобилната единица Алфа ставиле крај на потрагата во Гази Баба. Го запреле возилото, а зад воланот седел токму Зимери. Со променет изглед и лажни документи.

Дека Зимери е пронајден и приведен потврдија од затворот Идризово. Вчера бил донесен во најголемито затвор каде најверојатно ќе го чека повтореното судење. Енвер Зимери е осуден на 14 години и шест месеци за убиство и 9 години за делото разбојништво, но и двете пресуди се донесени во негово отсуство.

Енвер Зимери стана еден од најпознатите бегалци, откако во септември 2006та со помош на неговата група успеа да побегне од затворот во Шутка. Спектакуларното бегство беше санкционирано со суспензија на двајца стражари, а од тогаш до вчера Зимери беше недостапен за органите на прогонот.

Зимери прв пат бил приведен во 2004та година, но по устекувањето на мерката притвор побегнал во Швајцарија од каде беше екстрадиран во 2006та. По бегството од затворот Скопје, поминаа повеќе од десет години. Според неофицијалн и информации Зимери не побегнал од земјата туку успеал да го промени својот идентитет користејки лажни документи, а се криел и од членовите на неговото семејство.

На веб страницата на МВР во моментов се објавени фотографиите на 53 лица по кого се трага по потерница. Помеѓу нив е запишано и името на Енвер Зимери.