Бизнис
8. February 2018 - 16:30

Како „Македонски аеродроми“ нудат високи плати а работат во загуба

Како државното претпријатие Македонски аеродроми  од најголем загубар стана најдобар работодавач? Која е компанијата која за возач и курир нуди 500 евра плата?   Основано да стопанисува во двата аеродроми, по добивањето на концесијата од страна на ТАВ се губат и ингеренциите на ова акционерско друштво.. Од Владата велат – опстојува да се грижи за пистите  и има неколку материјални средства во нивна  соптвеност.

Од последниот објавен ревизорски извшетај од 2013 та година претпријатието навело дека  во своја сопственост има залихи на материјали, резервни делови и авио делови во вкупен износ од околу 196  милиони евра. Ревизорот се сомнева, затоа што  не можел да утврди дали залихите се употребливи и колку вредат. Исто така друштвото пријавило и земјиште во своја сопственост , за кое ревизорот утврдил всушност дека не е нивно, туку  државата им го отстапила на користење. Констатирано е и дека  друштвото нема никаква потврда од   Центрлниот депозитар за хартии од вредност за преземените акциии од министерството за финансии без никаков надомест.Пистите во Скопје и Охрид ги книжат и во актива , како градежни објекти и опрема и во пасива како општествен капитал, што е несоодведно, смета ревизорот.

По преземањето на двата аеродроми под концесија во 2008 та година ТАВ ги презема сите вработени, освен 11 – кои продолжуваа да работат во ова друштво.

Вчера преку оглас бараат уште 5 лица,  каде платите кои се нудат се од 32 илјади денари за лица со средно образование, без искуство до 40 илјади денари  за оние со виосоко. Од Владата побаравме, но не добивме информација уште колку вакви Ационерски  друштва делат високи плати,а работат со загуба. Инаку минатата година Македонски аеродорми заврши со минус од над 2 милиони евра.