Македонија
31. October 2015 - 17:09

Како Mакедонците плаќаат, купуваат и продаваат преку интернет

Граѓаните се плашат да купуваат преку интернет. Статистиката покажува дека само 15 проценти од корисниците на интернет се решаваат на овој начин да дојдат до посакуваните производи. Најчесто купуваат облека или спортска опрема. и услуги. Дури 80 проценти од граѓаните претпочитале да  купуваат лично во продавниците, од навика или бидејќи сакале да се осигураат за производот. Најмногу од нив се плашат од  злоупотреба на лични или податоци кои се дел од платежните картички.  Најдобро упатени се младите, за нив не претставува проблем бидејќи го разбираат начинот на кој функционира онлајн пазарењето.  

Во Македонија од лани може безбедно да се купува преку Пејпал Сенд,  светски познат сервис кој гарантира за онлајн трансакциите. Граѓаните со отворање  на  сметка на Пејпал имаат пристап до многу продавници кои соработуваат со оваа компанија . Бројот на кредитна картичка се внесува еднаш, со што се оневозможува некој да ги пресретне тие податоци. 

- Во Македонија со сите платежни картички може да се купува преку интернет, потврдуваат банките.  Виза, Мастер, Маестро, Американ Експрес се признаени речиси секаде во светот и со овие картички граѓаните можат да плаќаат  од дома и  во странство.

Околу 15 проценти според статистика изминатива година нарачале нешто преку интернет, најголем дел од нив купиле облека или спортска опрема.  Најголем број корисници на интернет услугите се учениците и студентите.  На интернет најчесто се поврзуваат  преку мобилен телефон а најмногу време минуваат на социјалните мрежи.

Според извештајот 69 проценти од македонските граѓани имаат интернет во својот дом. Годинава за 1 отсто е зголемен процентот на домаќинства кои имаат пристап до широко појасното поврзување.